Испечати

Жу – жу погача

Жу – жу  погача

Состојки

  • Тесто*
  • 150 мл. јогурт
  • 150 мл. вода
  • 650 гр. брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол
  • 2 јајца
  • 50 мл. зејтин
  • За премачкување на корите*
  • 180 гр. омекнат маргарин
  • За премачкување одозгора*
  • 1 разматена жолчка со малку млеко

Подготовка

1. Водата и јогуртот се загреваат да бидат млаки.
2. Потоа се додава изронет квасец шеќер и лажичка брашно и се остава квасецот да стаса.
3. Во сад се матат јајцата,зејтинот и две лажички сол.Се додава смесата со стасаниот квасец и со брашното се замесува тесто.Се остава на топло покриено да отстои 30-45 мин.
4. Стасаното тесто се дели на 4 дела.
5. Маргаринот се дели на пола.
5. На набрашнета работна маса првото тесто се развлекува во правоаголник се премачкува со маргарин,потоа го развлекуваме другото тесто па го ставаме врз првото и него го премачкуваме со маргарин,па третото исто а четвртата кора не ја премачкуваме.
6. Тестото со алатка се сече на хоризонтални и вертикални траки на крај да добиеме квадрати со големина 5 х 5 цм.
7. Другата половина од маргаринот ја топиме и ја ставаме на страна.
8. Во округла тава за печење бр* 30 редиме пола од коцките ги поливаме со стопен маргарин ги премачкуваме со разматено јајце и 1 лажица млеко и ставаме сусам.
9. Истото го правиме и со останатите коцки поливаме маргарин,премачкуваме со жолчка и ставаме сусам.
10. Рерната ја вклучуваме да се загрее на 200 Ц. а во меѓувреме погачата ке стасува.
11. Погачата ја печеме 15 мин па ја покриваме со хартија за печење и ја печеме уште 10-15 мин.
12. Се остава погачата да се олади а потоа се вади и се служи.