Испечати

Авокадо

Авокадо

Состојки

    Хранливи вредности на авокадото:

    Авокадото е карактеристично овошје со голема количина на масти и многу калории. Имаат суптилен, а сепак кремаст вкус. Авокадото спаѓа во најпопуларните овошја, со оглед на тоа што има хранлива вредност слична на одредени јаткасти плодови и семиња. Дел од популарните имиња за овој плод низ различните краишта на светот се: алигаторска круша, агуакате, путереста круша, итн.

    Ботанички, ова овошје спаѓа во фамилијата lauraceae, истата фамилија во која спаѓаат и неколку необични членови, како што се: ловор, цимет и др. Научното име на авокадото е persea americana.

    Авокадата се зелени дрвја со среден раст, со просечна височина помеѓу 6 и 9 метри, со големи, зелени лисја. Ова дрво најдобро успева на плодна почва со висок процент на влажност. Во текот на зимата на него се појавуваат мали, светло зелени листови. По 8 до 10 месеци, на дрвото се раѓаат стотици зелени плодови со крушковидна форма.

    Авокадото, како и бананата, ја достигнува зрелата фаза од својот живот додека е на дрвото, но узрева само откако ќе биде набрано. Штом ќе узрее, плодот станува темно зелен или темно виолетов и значително омекнува. Внатре, месото има крем боја и кремаста текстура, невпечатлив благ вкус и пријатна арома. Во плодот има една, централно поставена семка со кафеава боја. Во просек, еден плод тежи помеѓу 300 и 700 грама, но неретко, во продавниците можат да се сретнат и поголеми авокада.

    Здравствени придобивки од авокадото:

    • Авокадото, како и маслинките, е богато со мононезаситени масти и има висока калорична вредност. Од друга страна, многу е богато и со растителни влакна, витамини, минерали и преполно со разни растителни хранливи материи кои се благопријатни за здравјето.
    • Кремастата пулпа е многу богат извор на мононезаситени масни киселини, како што се: олеичка киселина и палмитолеичка киселина; како и омега-6 полинезаситената масна киселина линолеичка киселина. Научните истражувања покажаа дека медитеранската исхрана која е богата со мононезаситени масни киселини помага во намалувањето на нивото на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта, но и во зголемување на корисниот ХДЛ холестерол, со што спречува појава на заболувања на срцевите артерии и мозочни удари, преку одржување на здраво ниво на липидите во крвта.
    • Авокадото е многу добар извор на растворливи и нерастворливи растителни влакна. Во 100 грама авокадо има 6,7 грама или околу 18 проценти од дневно препорачаната доза. Растителните влакна помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта и спречуваат констапација.
    • Дополнително, авокадото, како и урмите, содржи голема концентрација на танин. Танинот е полифенолно соединение, кое долго време било сметано за антинутриентски агенс (супстанца што ја попречува нормалната апсорпција на хранливите материи), а денес се знае дека има корисни антивоспалителни, антиоксидантски и антиулкусни својства.
    • Месото на авокадото содржи голем број корисни флавоноидни, полифенолни антиоксиданси, како што се: криптоаксантин, лутеин, зеаксантин, бета и алфа каротини, но во мали количини. Заедно, овие соединенија служат како заштита од оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови, кои играат главна улога во процесот на стареење и развојот на повеќе болести.
    • Исто така, авокадото содржи и солидна количина на витамини. Витаминот А, витаминот Е и витаминот К се особено концентрирани во кремастата пулпа.
    • Авокадото е и одличен извор на минерали, како што се: железо, бакар, магнезиум и манган. Магнезиумот е есенцијален за зајакнување на коските, а игра и заштитна улога кога станува збор за кардиоваскуларното здравје. Манганот во телото се користи како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Железото и бакарот се неопходни за создавање на црвените крвни клетки.
    • Свежото авокадо е многу богат извор на калиум. Во 100 грама овошје има 485 милиграми или околу 10 проценти од дневно препорачаната доза. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и одржувањето на нормалниот крвен притисок, преку поништување на негативните ефекти на натриумот.

    Избор и складирање:

    Авокадото е достапно во продавниците во текот на целата година. Купувајте плодови со средна големина, целосно узреани и со пријатна арома. Плодовите кои се стасани за јадење треба да бидат меки кога нежно ќе ги притиснете. Избегнувајте ги премногу тврдите плодови, затоа што ним им е потребно премногу долго време за узревање.

    Исто така, внимателно прегледајте ја површината, за да откриете дали има какви било: засекотини, избледени или скапани делови и точки. Избегнувајте ги плодовите кои се презреани, затоа што нивната пулпа наликува на каша и речиси немаат вкус. Штом ќе стигнете дома, ставете го авокадото во студено место. Недозреаните плодови обично се завиткуваат во хартија, заедно со банана или јаболко, за да се забрза узревањето.

    Употреба во кујната:

    Зрелото авокадо има деликатен вкус кој потсетува на некои јаткасти плодови и кремаста текстура. За да го јадете, пресечете го на половина, по целата должина, за да ја извадите централно поставената семка околу која е обвиено месото. Потоа свртете ги или ротирајте ги двете половини во спротивни насоки и нежно одвојте ги. Семката извадете ја со лажица. Нежно излупете го авокадото со прсти, почнувајќи од страната на дршката. Потоа исечкајте ја пулпата на парчиња по желба.