Испечати

Козињак со суво грозје

Козињак со суво грозје

Состојки

  • За пред тесто*
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 100 мл. топло млеко
  • 3-4 лажици брашно.
  • За тесто*
  • 1 кг. и 200 гр. брашно а ако има потреба се додава уште.
  • 400 мл. топло млеко
  • 6 јајца (стоени на собна температура)
  • 200 гр. шеќер
  • 1 лажица течна ванилина есенција
  • 1 лажичка сомелено махлепи + рендана кора од 1 портокал
  • 1/2 лажичка сол
  • 100 гр. мешано (светло и темно суво грозје)
  • 200 гр. растопен маргарин
  • За премачкување*
  • 1 жолчка разматена со малку вода

Подготовка

1. Брашното се просејува со солта.
2. Јајцата со шеќерот се матат со вилушка и се додаваат ванилата и махлепи.
3. Брашното се става на работна маса и во средината се прави дупка.
4. Внатре пополека се додаваат најпрво квасецот со млекото,потоа изматените јајца и млекото и мешаме заедно со брашното.
5 .Тестото добро го месиме а ако е потребно додаваме уште брашно за да добиеме еластично тесто.
6. Кога ке се замести тестото на работната маса се истура малку од стопениот маргарин и тестото се меси со маргаринот додека го впие потполно и одново се додава од маргариноти пак се меси....процедурата е таква што тестото се меси додека не го впие целиот маргарин (треба малку повеке труд Ч )
7. Тестото се става во поголем сад или тенџере подмачкано да стасува на топло покриено со крпа минимум 2,5 до 3 часа.
8. Стасаното тесто повторно малку се премесува (не се стиска многу туку се раширува тестото и внатре се става сувото грозје.
9. Од оваа количина излегуваат 2 поголеми козунаци или 3-4 помали.
10. Кога ке се оформат козунаците се ставаат во тави подмачкани со зејтин се покриваат со крпа и се оставаат 1 час на топло да стојат.
11. Пред печење се премачкуваат со разматена жолчка со малку вода и се става кафеав шеќер(и не мора)
12. За козунаците да бидат меки и со изразени конци се печат цело време на ниска температура 160 Ц.околу 1 час.
13. Ако при печењето почнат одозгора повеќе да црвенеат се покриваат со фолија.
14. Ако се прават 3-4 помали козунаци тогаш и времето за печење се скратува.

..................................................................................................................................
Сите состојки треба да се спремат одвечер и да стојат на собна температура.