Мраморен нес куглоф
Состојки
- 5 јајца
- 250гр шеќер
- 200гр маргарин
- 400гр брашно
- 50гр ореви млени
- 1 пециво
- 300мл млеко
- 2лажици нес кафе
- 2лажици рум
- 2лажици какао
Подготовка
Прво се мешаат брашното, оревите и пола од шеќерот заедно со пецивото без нес кафето и румот. Маргаринот се мати со јајцата и другиот шеќер додека не стане кремаста смеса и полека му се додаваат сувите состојки наизменично со млекото. Повече од половина од смесата се истура во подмачкан калап со маргарин и посипан со брашно. Останатиот дел од смесата се додава нес кафето, румот, 2 лажици какао и се истура врз првиот дел. Со вилушка малку се прошарува и се става на печење околу 40-50мин на 170степени во зависност од рерната. Со чачкалица се проверува дали е печено и се ваѓа од рерна да здивне 5минути, а потоа се превртува на чинија и се поросува со шеќер во прав