Испечати

Писанки (декорирање со восок)

Писанки (декорирање со восок)

Состојки

  • природен пчелин восок
  • перце со перодршка
  • боја за јајца
  • 1 свеќа

Подготовка

Јајцата се варат и се остава да оладат,за да можете слободно да ги држите во рака.Восокот се топи во метален,колку што е можно помал сад.Истиот нетреба да е многу жежок зошто ќе е многу течен.Со помош на перцето се нанесува на јајцето и се шара.Значи,намакувате и нанесувате.Доколку немате при рака перце и перодршка,слободно употребете истрошено метално цевче од пенкало.Исто така можете да употребите и четче за боење.Бојата се раствора во вода,се додава киселина и се остава малку да олади.Јајцето се потопува и се остава се додека ја добие посакуваната боја.Водата не смее да биде жешка зошто восокот ќе се стопи,бојата ќе навлезе во прекриените делови и ќе ја нема онаа циста бела боја.Значи,и по боењето восокот останува на јајцето.Се вадат и се оставаат на салфетка за да се отстрани вишокот на боја.Се пали свеќа.Во едната рака го земате јајцето а во другата држете салфетка.Ставете го јајцето над пламенот и чекајте восокот да се стопи па со салфетката избришете.Повторете по целата површина,се додека не го отстраните целиот восок.Доколку немате трпение за ова,слободно,загрејте ја рерната,ставете фолија и оставете ги јајцата на некоку минути.Восокот сам ќе се стопи.За крај премачкајте ги со масло.