Испечати

Видео рецепт: Поло ала Качиатора

Видео рецепт: Поло ала Качиатора

Качиатора на италијански значи „на ловечки начин“. Ова селско италијанско јадење обилува со бројни силни вкусови, но тие одлично се надополнуваат и за кратко време можете ова јадење да го доведете од рецепт до топол и вкусен оброк на маса.

Состојки

  • 1 конзерва сечкани домати
  • 1 чаша бело вино
  • 50 грама исечена сланина
  • 2 пилешки гради
  • 2 стебленца целер
  • 1 главица бел кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 стебленца рузмарин
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Средно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање. Прво ќе го исечкаме лукот...

Потоа и кромидот на големи парчиња... Сланината исечкајте ја на коцки.

Можете да ставите целер во прав, но ние користиме свеж целер.
Искинете ги ливчињата рузмарин од стебленцата и исечкајте ги.
На крајот земете ги пилешките гради и исечете ги на поголеми коцки.

Чекор 2: Испржете ги кромидот и лукот во маслиново масло, додавајќи им сол за да не загорат.

Следна ставете ја сланината. Дозволете им на вкусовите да се измешаат. Потоа ставете го целерот, а по него и пилешкото.

Прекријте ги состојките со исечканите домати, прелијте ги со белото вино и на крај ставете го рузмаринот.

Чекор 3: Ставете го капакот на тавата и гответе, гответе, гответе... Сакаме сите тие енергични вкусови да се измешаат заедно.

Чекор 4: По 20 минути извадете го капакот... И спремни сте за сервирање...

Овде јадењето го сервираме со таљатели. Прелијте ги со Поло ала качиатора.

За секој случај ставете уште малку од сосот.

СОВЕТ: Секој може да се обиде да го подготви овој рецепт и да направи јадење ПОЛНО вкусови за многу кратко време. Малку сечкање, малку готвење и МНОГУ јадење на крајот.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола
Касерола