Испечати

Козињак

Козињак

Состојки

  • 2 кг. брашно
  • 2 пак. квасец
  • 2,5 шољи шеќер
  • 1 шоља масло
  • 1 шоља млеко
  • 1 шоља вода
  • 5 јајца
  • кора од лимон
  • 2 пакетч. суво грозје
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка

Млекото, маслото, водата и шеќерот се ставаат во сад на оган, да бидат млаки. Се додаваат квасецот и јајцата. Смесата се истура врз брашното и се замесува во средно тесто. Се додава кората од лимон и се остава да надојди. Во меѓувреме, сувото грозје се чисти,се мие со топла вода и се суши завиткано во куњска крпа. Се додава во тестото и повторно се размесува. Откако ќе поседи 15-тина минути и со сувото грозје, се плетат плетенки и се редат во плех обложен со книга за печење. Вака подготвени, плетенките повторно се оставаат на 15-тина минути, додека надојдат. Се премачкуваат со матено јајце и се поросуваат со сусам. Се пече на температура од 170 до 180 степени приближно 1 час.