Полнети пиперки од туршија
Состојки
- 10-тина пиперки од туршија
- За фил
- 200-300гр. мелено месо
- 200гр. ориз
- 1 кромид
- 1л зачин
- 1л оригано
- 1-2 средни компири за затворање
- 1л црвен пипер
Подготовка
Најпрвин им ги чистиме дршките и семките на пиперките.
Потоа во тава на оган го ставаме маслото да се загрее во него го сецкаме кромидот,го пропржуваме и кога ке добие златножолта боја го додаваме меленото месо,го посолуваме и го упржуваме и него.
Кога месото ке се упржи го додаваме оризот,мешаме ставаме зачин,оригано и додаваме и 1л.црвен пипер промешуваме уште малку и го симнуваме тавчето од оган.
Во пиперките ставаме по едно мало лажиче вода за поубаво да се свари оризот или кога ке ги наполниме да ги избоцкаме со нож за да ни влезе вода во средината.
Ги полниме со филот и ги затвараме со парче компир исецкан на кругчиња и ги редиме во плекче бр.26.
Ги полеваме со вода да ги облие и ги ставаме во загреана рерна на 150степени.