Испечати

Вапцување на јајца – мала техника

Вапцување на јајца – мала техника

Состојки

  • За јајца со мешани лушпи
  • 20 јајца
  • 2 шаки исецкани лушпи од црвен и жолт кромид и лушпи од лук
  • 20 парчиња фолија алуминска
  • За чипкасто јајце
  • 10 јајца
  • 10 парчиња чипка по ваш избор
  • по ваш избор боја
  • За јајца во свила
  • 10 јајца
  • 10 парчиња свила
  • За замотани јајца во стари парчиња од памучна ткаенина
  • 10 јајца
  • 10 парчиња памучна ткаенина
  • боја по ваш избор

Подготовка

1. За првиот начин потребно е да исецкате ситно лушпи од кромидот и лукот. Секое јајце навлажнете го и поминете низ исецканите лушпи. Тие ке се залепат за јајцето и завиткајте го добро во фолијата.Ставете во водата и варете. Откако ке се сварат, извадете ги, нека постојат уште малку и тогаш извадете ги од фолијата. Прекрасен ефект ке имате. Знаете дека се премачкуваат со салвета или памучна крпа која е мрсна од зејтин.
2. Сварете ги јајцата.Исечете чипка (ако имате некоја стара завеса-хихи) секое јаце замотајте го во парче од чипката и ставете во боја да постои, извадете го, не одврзувајте ја веднаш чипката - нека се исуши и дури тогаш тргнете ја.
3. Парче од свила замотајте околу јајцето и ставете да се вари. Кога е сварена извадете ги од водата, нека се подсуши и одврзете.
4. Сварените јајца додека сеуште се топли замотајте ги во парче од стара памучна ткаенина и со лажиче капнувајте на повеке места од различни бои - затегнете ја ткаенината - ова за да се одпечати и плетенината од самата ткаенина - одличен ефект. Со едно парче ткаенина можете и повеке јајца да вапцате.
5. Ако го сварете јајцето во листови од црвена зелка - исто така добивате преубава боја.
Сликите кои ги поставувам се од предходни години, ова само да ви послужи доколку некој бендисате сега за оваа година и нормално - ако му е овој мој предлог новина.
Свилените јајца ги правев во вратоврските од сопругот... се сум испосекла, го оставив без кравати.... навистина,
Салветната техника веке ја гледам дека е поставена, а има уште други - но немам слики.