Рајс-карамела
Состојки
- 160 гр шеќер
- 30 гр оризови снегулки
Подготовка
Ништо поедноставно, а мнооооогу вкусно!
Шекерот се растопува во карамел. Се трга од оган и со мешање се додаваат оризовите снегулки. Масата брзо се спојува, а односот на состојките е одприлика, затоа што секој шеќер не дава иста количина на карамел(регулирајте со додавањето на снегулките). Но како и да е, и да е повеќе и да е помалку, нема да погрешите-тоа ништо не менува во вкусот. А кога сме кај него, можеби звучи едноставно-ама феноменален е!!!
Пријатна дегустација!