Испечати

Микадо обланди

Микадо обланди

Состојки

  • 2 листа обланди
  • 300 гр шеќер
  • 300 гр млеко во прав
  • 100 гр вода
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр оризови снегулки

Подготовка

Водата и шеќерот да зовријат колку да се стопи шеќерот. Се додава маргаринот и чоколадото и тие да се растопат. Садот се трга од оган и се додава млекото во прав. Убаво се промешува и на крај оризовите снегулки.
Смесата се премачкува на еден лист од обланда и потоа се покрива со другиот и се остава добро да залепи со некој тежок предмет на нив.
Напомена
Оваа смеса брзо се лади и затоа треба брзо да се работи со обландите. Јас малку почекав да подолади пред да ги ставам оризовите снегулки за да не бидат меки од жешкото, ама вие немојте-тоа беше моја грешка. Уште една грешка е тоа што од нетрпение брзо ги секов за да ги сликнам за овде па на сликата не се познава убаво пресекот на снегулките. Треба да изгледа како најмлечно чоколадо со ориз, а за вкусот, ви гарантирам дека е така )))