Испечати

Видео рецепт: Палачинки со сладолед, овошје и крем

Видео рецепт: Палачинки со сладолед, овошје и крем

Состојки

    Дали некогаш сте биле во Франција и сте поминале покрај место каде што се служат палачинки на улица? Сигурно нема предолго да издржите пред да застанете во ред за оваа слатка и вкусна ужинка. А правењето палачинки во Делимано тавата за палачинки е тоооолку лесно...

    Состојки

    • 130 милилитри млеко
    • 60 грама путер
    • 1 супена лажица шеќер
    • 60 грама брашно
    • Четвртина кафена лажица сол
    • Чоколаден сладолед
    • Одбрани шумски плодови
    • Крем

    Подготовка

    Чекор 1: Просејте ги заедно брашното и солта. Сеењето на брашното од поголема височина подоцна го прави тестото полесно и му дава поголем волумен.

    Чекор 2: Направете дупка во средината на смесата и ставете едно јајце пред да ја измешате смесата.

    Чекор 3: Започнете да истурате по малку млеко. Не грижете се многу за грутките, зашто подоцна ќе исчезнат. Можете да додадете вода или слатка павлака во смесата.

    Чекор 4: Ставете малку растопен путер во смесата – доволни се 2 лажици – и почнете да мешате.
    Палачинките се сега спремни за пржење.

    Чекор 5: Загрејте ја Делимано тавата за палачинки на висок оган и погледнете колку лесно се прави една палачинка. Истурете ја смесата и веднаш разлејте ја по тавата...

    Кога ќе биде готова, преклопете ја палачинката на половина, па уште еднаш на половина. Тргнете ја на страна.

    Повторете го процесот по втор пат и ставете ги палачинките на страна за сервирање.

    Чекор 6: Време е за сервирање… Овие палачинки ги сервираме со чоколаден сладолед и замрзнато овошје кое предходно го одмрзнавме... Соковите од овошјето ќе ни послужат за убав сос со кој ќе го украсиме работ на чинијата.

    СОВЕТ: Палачинките многу бргу ќе станат една од омилените семејни закуски. Се прават брзо и лесно... Најголемиот дел од состојките обично веќе ги имате во домот. Сервирајте ги со пудинг, или пак за појадок со пријатели во сабота наутро.

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за палачинки