Испечати

Колач со модри сливи (Плацек зе шлифками – Рецепт од Полската кујна)

Колач со модри сливи (Плацек зе шлифками – Рецепт од Полската кујна)

Состојки

  • За основно тесто
  • 2 јајца
  • 1/2 коцка маргарин
  • 250 гр. шеќер
  • 500 гр. брашно
  • 1 кисело млеко
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1 кг модри сливи (пресечени на половинки)
  • За крушонка(тесто во вид на трошки)
  • 150 грама шеќер
  • 1/2 маргарин
  • 200 грама брашно

Подготовка

За основно тесто
1. Јајцата се уработуваат со 250 гр. шеќер.
2. Се додава киселото млеко и се продолжува со матење.
3. Во меѓувреме половина од маргаринот го топеме на оган. Растопениот маргарин се додава на смесата. Се додава и ванила.
4. Пецивото го додаваме во 500 гр. брашно. Се додава на смесата и повторно уработуваме со миксер.
5. Откако ќе добиеме хомогена смеса, ја истураме во плехче намачкано со зејтин. Тестото рамномерно го распоредуваме низ целото плехче.
6. Врз тестото се редат сливите (со половинките свртени накај тестото).

За „крушонка“ (тесто во вид на трошки)
1. Половината од маргаринот го ставаме во длабок сад. Додаваме и 200 гр.брашно и 150 гр.шеќер.
2. Сета смеса се гмече со рака, за да се направат трошки и се посипува врз сливите.
3. Се пече во загреана рерна на 200 степени.