Пита со спанаќ и праз
Состојки
- За тесто
- 500 грама брашно
- 1/2 квасец
- За фил
- 500 грама спанаќ
- 2 праз
- 100 грама сирење
- 2 лажици машан зачин (веѓета)
- 3 јајца
Подготовка
1. Состојките за тесто ги ставаме во длабок сад и замесуваме тесто и оставаме да отстои околу 1 час.
2. Спанаќот со малку сол, го ставаме во сад да се обари. Потоа го цедиме и го сецкаме на ситни делови.
3. Празот го сецкаме на кригови и го ставаме во масло да се пропржи.
4. Откако ќе се пропржи во истиот сад го додаваме спанаќот и две лажици мешан зачин. Пржиме.
5. Кога филот ќе биде убаво испржен ги додаваме трите јајца, кратко промешуваме и го тргаме од оган.
6. Го додаваме и сирењето и промешуваме.
7. Од тестото 1/3 тргаме на страна.
8. Од поголемиот дел правиме кора и ја ставаме во тепција. Тепцијата со тесто ја обложуваме и од страните.
9. Ја полниме со филот.
10. Од помалото тесто правиме кора и ја сечеме на ленти.
11. Лентите ги ставаме врз питата.
12. Печиме во загреана рерна на 200 степени.