Испечати

Цвет – за денешниот празник Цветници – посно

Цвет – за денешниот празник Цветници – посно

Состојки

  • За тестото
  • 1 чаша соино млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици зејтин
  • прстовет сол
  • 1 ванила
  • 20 гр. свеж квасец или 1,1/4 лажичка истант квасец
  • 3 чаши брашно
  • Фил
  • 300 мл. соино млеко
  • 3 лажици шеќер, 1 пудинг од ванила
  • За премачкување на цветовите
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица вода

Подготовка

1. Во млакото млеко растворете го квасецот (ако месите со инстант не е потрбно, само го измешајте во брашното).
2. Додадете ги останатите суви состојки кон млекото и замесете тесто, а со зејтинот домесето го. Оставете да стаса.
3. За тоа време сварете го пудингот од ванила во густ крем и оставете да олади.
4. Кога стасало тестото поделете го на 12 еднакви топчиња. Расукајте мала кора или едноставно со раката оформете мала кора. На средината ставете една лажица од пудингот, па подигнете ги краевите од кората кон средината за да го преклопите пудингот и да се затвори кората добивајки пак форма на топче. Свртете го топчето така што горниот дел да дојде одоздола. Пак со раката сплескајте го нежно и внимателно да не пукне топчето - исечете 8 крака, но средината од кората да остане не исечена, таа ќе ги поврзува латиците на цветот. Секоја латица свртете ја и поставете со отворот нагоре (погледнете го сликовиот приказ). Оставете да стаса и печете на 180 степени во предходно загреана рерна околу 20 минути.
5. Додека се пече сварете шербетот.
6. Печени извадете ги и со четка веднаш премачкајте ги со шербетот.

Забелешка
Начинот на оформувањето погледнете во колажот од слики. Најдборо е да оформувњето го правите во самата тава во која ке печете, полесно е така, а се заради тоа што при пренесувањето да не ја расипете веќе добиената форма.
За овој рецепт и доприносот да овој ден Цветници, на масата стојат овие прекрасни тестени цветови е на мојата прекрасна пријателка Веси Казахова која има сопствен блог, која е запознаена дека денеска ќе осамне и овде нејзиниот рецепт но во моја изработка. Јас сум изненадена од мекоста и вкусот на тестото, а е посно тесто.
Дека ја зборувам вистина, ќе мора сами да се уверите и да одлучите да не пропуштите да пробате и вакво посно тесто.
Топло ви го препорачувам на сите!
Срекен празник!
Чашата е од 250мл.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер