Марула
Состојки
Хранливи вредности на марулата:
Крцкава зелена или црвена марула е најбараниот листест зеленчук, без разлика дали за вкусна салата или пак здрав вегетаријански сендвич. Ботанички, ова чудесно листесто растение полно со хранливи материи припаѓа во фамилијата Asteraceae и има научно име lactuca sativa.
Листовите испуштаат течност слична на млеко кога ќе се пресечат. Постојат шест различни видови кои се одгледуваат комерцијално, а се разликуваат според оформувањето на главиците и структурата на листовите. Оние листови кои имаат погорчлив вкус се побогати со антиоксиданси.
Ова се најпопуларните сорти кои се одгледуваат низ целиот свет:
- Путереста марула, со лабава глава и путереста текстура. Овој вид е најпопуларен и најраспространет во Европа.
- Кинеска марула, која обично има долги, слаби листови кои не формираат главица и имаат прилично силен вкус, за разлика од нивните западни еквиваленти. Поради тоа, овој вид најмногу се користи за приготвување чорби и потпржени јадења.
- Крцкавата марула оформува цврсти, густи главици кои наликуват на зелка. Обично, тие се најблагата сорта и се ценат повеќе поради крцкавоста отколку вкусот. Крцкавата марула е најчестиот и најраспространет вид во САД.
- Растурена марула, со кревки, деликатни листови со полн вкус кои се растурени на повеќе страни. Во оваа група марули спаѓаат: зелената, црвената, валерија и лола-роза.
- Издолжената марула расте во долги главици и има цврсти листови, со здебелена средина која се простира речиси до врвот на листот. Овој вид е многу популарен во САД.
- Летната марула оформува умерено густи главици со крцкава текстура. Овој вид е мешавина од крцкавата и растурената марула.
Здравствени придобивки од марула:
- Марулите се преполни со голем број хранливи фито-материи, кои го заштитуваат здравјето и играат значајна улога во превенцијата на болести.
- Марулата изобилува и со витамини. Свежите листови се одличен извор на витамин А и бета-каротини. Во само 100 грама свежа марула има 247 проценти од дневните потреби за витамин А и 4443 микрограма бета-каротини (каротините се претвараат во витамин А во телото, 2 микрограма каротин се сметаат за еквивалент на 1 интернационална единица витамин А). Овие состојки имаат антиоксидантски својства. Витаминот А е неопходен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата, а е неопходен и за добриот вид. Конзумирањето природни овошје и зеленчук богати со флавоноиди помага во заштитата на телото од рак на белите дробови и усната празнина.
- Зеаксантинот (1730 микрограма во 100 грама марула) е важен прехранбен каротиноид содржан во марулата. Тој селективно се апсорбира во слузокожата на ретината, каде што се смета дека обезбедува антиоксидантски и заштитни функции на филтрирање на светлината. На тој начин обезбедува одредена заштита од „болести на очите предизвикани од старост“.
- Марулата е богат извор на витамин К. Овој витамин игра потенцијална улога во зголемување на коскената маса преку поттикнување на остетропската активност во коските. Исто така има и значајна улога во терапијата на пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест, затоа што го ограничува оштетувањето на невроните во мозокот.
- Свежите листови содржат солидна количина фолати и витамин Ц. Фолатите се неопходни за синтеза на ДНК, па оттаму, се клучни за спречување на невролошките дефекти кај новороденчињата. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на Вашето тело да се бори со инфективните агенси, но и да ги собере штетните слободни радикали кои предизвикуваат воспаленија.
- Исто така содржи адекватна количина на минерали, како што се: железо, калциум, манган и калиум, кои се неопходни за правилно функционирање на метаболизмот. Калиумот е важна состојка на клеточните и телесните течности и помага при контролата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Бакарот е неопходен за создавање црвени крвни зрнца. Железото е неопходно оформувањето на црвените крвни зрнца.
- Марулата е богата со витамини од Б-комплексот, како што се: витамин Б6 (пиридоксин), рибофлавини, итн.
Редовната вклученост на марулата во салатите може да помогне во спречувањето на развојот на остеопороза, анемија како последица на недостиг од железо и се верува дека може да заштити од кардиоваскуларни болести и одредени видови рак.
Избор и складирање:
Во продавница, изберете ги листовите кои имаат крцкав изглед и сјајна боја. Избегнувајте ги пропаднатите листови со точки или избледена боја.
Секој вид има различни квалитети, па оттаму, треба да се користат и различни методи за складирање. Издолжената и растурената марула треба да се измијат и вишокот вода треба да се исцеди пред да се складираат во фрижидер. Путерестата марула не мора да се мие пред складирање.
Спакувајте ги во најлонска ќеса и ставете ги во фрижидер. Издолжената марула може да остане свежа и до една недела, додека другите видови од 2 до 3 дена.
Употреба во кујната:
Отстранете ги надворешните листови кои ја загубиле бојата и потоа отсечете ги горчливите врвови. Остатокот исечкајте го според потребите и исфрлете го коренестиот дел.
Измијте ги листовите во чиста вода од чешма и потоа потопете ги во солена вода приближно половина час, за да се отстранат сите несакани остатоци од песок, инсектициди и јајца од паразити и црви. Отстранете го вишокот вода со хартија или со сушач за салата.
Без разлика на видот, марулата треба да има крцкави, свежи листови, на кои нема темни или лепливи делови. Видовите како издолжената и путерестата марула треба да имаат компактни главици, без кафеави стебла.
Совети за приготвување:
- Свежата марула најчесто се користи во салати, сендвичи, бургери и ролати.
- Кинеската марула обично се користи за приготвување запржени јадења и чорби, а се додава и во кнедли и пржен ориз.
- Листестиот зеленчук исто така добро се комбинира со грашок, боранија, но и морска храна, како што се морските ракчиња.
Здравствено предупредување:
Во производството на марули често се користат пестициди. Во листовите најчесто можат да се најдат органо-фосфати, Перметрин и ДДТ. Добро измијте ги марулите во студена вода пред да ги конзумирате. Сепак, доколку сте во можност да купите органски одгледуван зеленчук, се верува дека тој не содржи пестициди и е совршено безбеден за конзумирање.