Јанија со суви сливи и праз
Состојки
- 250 гр компири
- 150 гр моркови
- 500 гр свинска удина
- 800 гр праз
- 250 гр суви сливи
- 600-800 мл вода
- 1 лажиче црвена пипер, сол, бибер, масло
Подготовка
Компирот исечете го на коцки, а морковот на стапчиња.
Месото пропржете го на масло и ставете го во земјено грне (најдобро е). Во него ставете го компирот и морковот.
Зачинете по вкус, турете ја водата и ставете го да се вари на тивко отприлика 2 - 2 и пол сати.
Кога ќе биде мевцето готово, ставете ги и црните сливи, претходно накиснати и исцедени, и тие да проварат во смесата, да пуштат сок.
Послужете со тестенина, со домашни њоки... може со што сакате...