Домашна сардина
Состојки
- 3 кг исчистени рипчиња
- 2 пакетчиња бибер во зрно
- 4 ливчиња ловор
- 2 пакетчиња лимонтус
- 2 лажици шеќер
- 3 лажици сол
- 80 мл винска киселина
- 250 мл бело вино
- 100 мл масло
Подготовка
Рипчињата исчистете ги и сечете им ги главчињата. (плашици, нивички)
Во големо тенџере редете ги во круг, со мешето надолу а главите према ѕидот од тенџерето.
Кога ќе ги наредите, во средината ќе ви остане дупка.
Во дупката ставете ги сите зачини, потоа турете го виното, маслото...треба да има течност барем 1 прст над рипчињата.
Ставете ги да се варат и кога ќе почнат да варат, им треба одприлика 3 сати додека да бидат готови.
Кога ќе се оладат, можете да ги соберете во некоја кутија и да ги чувате во фрижидер, или пак во тегли. Имаат совршен вкус, одлични се за мезе, сите ги бендисуваат...