Испечати

Зелка

Зелка

Состојки

    Хранливи вредности на зелката:

    Сте се запрашале ли некогаш која е тајната на долговечноста на Кинезите? Зелката! Овој повеќегодишен листест зеленчук е богат со хранливи фито-материи и спаѓа во фамилијата brassica, заедно со прокељ, кељ и брокула.

    Структурно, овој зеленчук се состои од снопови од крути листови, густо напластени слој по слој, што најчесто доведува до топчеста или заоблена форма. Различни видови зелка се одлгедуваат низ целиот свет, вклучително: зелена, виолетово-црвена и Савоја (која има набрани листови). Бок чој (кинеска зелка) има сличен изглед, но е добиена од други видови од истиот род, brassica. Бок чој се разликува по тоа што има брз раст, куси и компактни листови и целото растение има издолжена, цилиндрична форма.

    Здравствени придобивки од зелката:

    • Свежата зелка со темно зелени листови е неверојатно богата со хранливи материи, а има низок процент на мсти и калории (само 25 калории на 100 грама).
    • Изобилува со голем број хранливи фито-материи, како што се: тиоцијанатите, индол-3-карбинол, лутеин, зеаксантин, сулфорфан и исотиоцијанати. Овие состојки се моќни антиоксиданси и докажано помагаат во заштитата од рак на градите, дебелото црево и простата, а помагаат и во намалувањето на нивото на штетниот ЛДЛ холестерол во крвта.
    • Свежата зелка е одличен извор на природниот антиоксиданс, витамин Ц. Обезбедува околу 61 процент од препорачаната дневна доза. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси и да ги собере штетните слободни радикали кои предизвикуваат воспаленија.
    • Исто така е богата и со многу есенцијални витамини, како што се: пантотенска киселина (витамин Б5), пиридоксин (витамин Б6) и тиамин (витамин Б1). Овие витамини се есенцијални во таа смисла што на нашето тело мора да ги добие од надворешни извори за да ги надополни резервите.
    • Содржи и солидна количина на минерали, како што се: калиум, манган, железо и магнезиум. Калиумот е важна состојка на клеточните и телесните течности и помага во контролата на работата на срцето и регулацијата на крвниот притисок. Манганот се користи како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Железото е неопходно за оформувањето на црвените крвни зрнца.
    • Зелката е многу добар извор на витамин К – обезбедува околу 63 проценти од дневната препорачана доза. Витаминот К има потенцијална улога во метаболизмот на коските, со тоа што поттикнува остеотропска активност во нив. Според тоа, доволно витамин К може да Ви обезбеди здрави коски. Дополнително, витаминот К има веќе докажана улога во третманот на пациентите со Алцхајмерова болест, затоа што го ограничува оштетувањето на невроните во мозокот.

    Избор и складирање:

    Зелката често е нападната од паразити. Конвенционално одгледуваните зелки често се прскаат со пестициди за да се избегне инфекцијата со паразити. Поради тоа, добро измијте ја со вода од чешма, а потоа потопете ја во солена вода половина час и на крајот повторно измијте ја со чиста вода, за целосно да ги отстраните остатоците од прав, паразити, јајца / ларви / цисти или остатоци од пестициди.

    За да го извлечете максимумот од хранливите материи, користете ја зелката додека е свежа. Сепак, таа може да се складира и во фрижидер и таму да остане во свежа состојба до неколку дена.

    Употреба во кујната:

    • Убаво исчистената зелка може да се јаде жива и во таа форма е исклучително хранлива.
    • Сечканите или рендани живи листови се додаваат во бројни салати.
    • Поткастрените цели листови можат добро да се вклопат во секој сендвич или вегетаријански бургер.
    • Чорбата од потпржена зелка, со кромид, лук, бабури и зелени чили пиперчиња, измешана со барен ориз и сос од соја / чили / домати е едно од најпопуларните јадења во Кина (чаумејн) и неколку други региони во Југоисточна Азија.
    • Исто така се користи за приготвување на еден вид ладна чорба, со јогурт и сок од цвекло, која се вика „боршт“ и е екстремно популарна во Русија и други источно европски земји.

    Здравствено предупредување:

    Зелката може да содржи гоитрогени, растителна состојка, која е особено присутна кај крстоцветните растенија, како што се: карфиол, брокула итн. Оваа состојка може да предизвика потекување на тироидната жлезда и затоа луѓето со тироидна дисфункција треба да ја избегнуваат. Сепак, здравите луѓе можат да ја користат без ограничување.