Испечати

Торта од чоколада и малини

Торта од чоколада и малини

Состојки

  • 100 гр чоколадо со 50-60% какао исецкано на ситни парченца
  • 1 1/2 шоља врело кафе
  • 3 шољи шекер
  • 2 1/2 шољи сенаменско брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 4 големи јајца
  • 3/4 шоља стопен путер
  • 1/2 шоља слатка павлака (35% мм)
  • 1/2 шоља млеко
  • 1/2 шоља кисела павлака
  • 1 кесичка ванилин шекер
  • ....... Фил од малини
  • 900 гр замрзнати малини
  • 2/3 шоља шекер
  • 1 лимон само кора
  • 1/2 лимон само сок
  • 1 лажица Framboise (ликер од малини)
  • 3 лажици густин
  • .......... За чоколаден фил
  • 250 гр чоколадо со 70% какао
  • 250 гр чоколадо со 50 - 60% какао
  • 1 1/4 шоља слатка павлака
  • 1 кесичка ванилин шекер
  • прстофат сол
  • 2 лажици шекер во прав
  • 2 лажици (30 гр ) путер исечен на парченца
  • 2 лажици corn syrup

Подготовка

Се загрева рерната на 175 Ц.
На дното на две округли плехчина со пречник 22 цм се става хартија за печење.
За подготовка на корите во еден не многу голем длабок сад се крши чоколадата на парченца и се прелева со врелото кафе. Се остава да постои 1-2 мин., па се меша да се добие мазна смеса.
Во поголем сад се меша со жица за матење шеќерот, брашното, содата, прашокот за пециво, солта и ванилиниот шеќер.
Во голем длабок сад се матат јајцата со миксер 5 мин. да се згустат и добијат боја на лимон. Се додава растопениот путер, двата вида павлака и млекото и добро се мати.
Во два наврати се додаваат сувите состојки, се меша со шпатула, или со жица за матење само да се соединат состојките.
Смесата се дели во двете подготвени плехчина и се печи во загреана рерна 45 мин. Проверете со чепкалка дали е печено. Корите се оставаат во плехчината околу 10 мин, а потоа се превртуваат на жица за ладење и се оставаат да се оладат до крај.

За филот од малинки:
се пасираат малинките, па процедуваат од ковчината и се мешаат со шеќерот, кората и сокот од лимон, ликерот и густинот. Се вари на средно силен оган да се добие густина на пудинг. Се остава да се олади.

За филот од чоколадо:
се кршат двата вида чоколадо на парченца и се ставаат во еден мал сад. Се загрева слатката павлака со шеќерот, ванилата и малку сол скоро до вриење, па се прелева над чоколадните парченца. Откако ќе отстои 1-2 мин се меша да се добие мазна сјајна смеса, се додаваат едно по едно парченцата путер мешајки, а на крај се додава пченкарниот сируп и добро се меша. Се остава да подолади.

Секоја кора се дели на две кори (се сечи по хоризонтала). Филот од малинки се дели на 3 дела, чоколадниот на 4.
Првата кора се мачка прво со дел од чоколадниот фил, над него филот од малинки и се поклопува со втората кора. Се повторува со другите две кори. Последната кора и целата торта од страните се премачкува со чоколадниот фил.
Се украсува по желба. Се остава во фрижидер преку нок.