Шарен леб
Состојки
- 500 гр. брашно
- 250 мл. млеко
- 1 јајце
- 20 гр. свеж квасец = 7 гр. сув квасец
- 75 гр. маргарин
- 15 гр. шекер
- 10 гр. сол
- 75 гр. спанак
Подготовка
1. Спанакот добро го измијте и ставете го во сад, поклопете го и оставете да листовите омекнат - вода не треба бидејки е доволна таа што го пушти самиот спанак. Доволно е да само малку омекнат. Процедете и измиксајте го во каша.
2. Малку загрејте го млекото, додајте го шеќерот и растворете го квсецот. Ако користите интант, тогаш директно во брашото ќе го ставите, не се раствара.
3. Просејте го брашното, додајте му ја солта, млакото млеко и омекнатиот маргарин. Замесете тесто. Поделете го на два дела. Во едниот дел додадете ја кашата од спанакот и домесете го тестото додавајки уште малку брашно до состојба да не ви се лепи за рацете и да се целото обои во зелена боја. Измесете го и необоеното тесто и оставете да стаса.
4. Откако ќе стаса поделете го тестото на мали топчиња и наредете го во калап кој вие ќе си го изберете, постелен со пек-хартија. Оставете да стаса.
5. Печете во предходо загреана рерна околу 30 мин.
Забелешка
-Ова е оригиналниот мој испробан рецепт на Дајана која твори и се наога во Италија.
-Бидејки постам - денешниот леб кој го гледате на сликите го замесив со обично лебно тесто кое го поделив на три дела и во едниот ставив каша од спанак, а во другиот дел ставив малку пире од компир и тиква. Затоа што обожавам и разни вкусови - ставам и разни семиња. А направив и плетенка - резултатот е на една од сликите.
Останува на вас да пробате, јас сум презадоволна и благодарана на Дајана што ми даде можност да научам и нешто друго.
Да ви е слатко!