Испечати

Њоки ќофтиња

Њоки ќофтиња

Состојки

  • њока смеса
  • 1 кг бел компир-варен
  • 300 гр брашно
  • 1 јајце
  • 40-50 гр маргарин
  • зачини , сол, вегета, бибер

Подготовка

Варените компири се дробат, пасираат. Се прави вдлабнатина,се поросува со малку брашно и во неа се крши јајцето. Се меси со постепено додавање на целото брашно. Површината и рацете редовно се посипуваат во брашно за да не се лепи.
*Е, сега, ако сакате да си направите њоки, тестото го порамнувате на набрашнета работна површина. Со нож сечите правоаголни форми со димензии колку палец (должина 3см). О двете страни ги притиснувате на внатрешниот дел од вилушка за да се оформат и останат дебелки и ги варите во посолена и замастена вода 2 мин.(во принцип, треба да испливаат на површина кога се готови). Се вадат со решеткаста лажица, се сервираат во чинија и се полеваат со малку масло.
*Варијанта 2 (како што се овие на сликата)
Со раце, се зема од смесата и се прават малечки ќофтина. Во средината се упикува по желба парце, виршла, салама, сирење кашкавал...но и не мора. Се валаат во презла од сите страни и се пржат. Готовите њока кофтина се одложуваат на хартиени салвети да се упие мрсното и потоа се сервираат на чинија, каде по желба се става кечап, мајонез и пармезан.
Добар апеитит!