Нешто како проја
Состојки
- 4 јајца
- 150 мл масло
- 3 шољички (70мл) пченкарно брашно)
- 3 шољички обично брашно
- 1 пециво
- 250 мл јогурт
- 100 гр издробено сирење
- 1 нарендан морков, магдонос, сол
Подготовка
Сите состојки се мешаат рачно и се тура во намачкан и набрашнет калап. Ако печете во вакви силиконски калапчиња нема потреба од мачкање.
Се печи на 200 ц додека не порумени.
Уживајте!