Испечати

Посна салата од грав и печени пиперки

Посна салата  од грав и печени пиперки

Состојки

  • 10-15 печени пиперки
  • 200- 300 гр варен грав
  • 3-4 чешниња лук

Подготовка

Гравот го вариме, а потоа ги цедиме зрната од водата и ги гмечкаме со вилушка. Печените пиперки ги лупиме и ситно ги сецкаме, а исто и лукот ситно го сецкаме. Потоа се заедно мешаме во чинија и додаваме сол и масло по желба.