Испечати

Пита со сирење

Пита со сирење

Состојки

  • Тесто* 600 г. брашно и + за премесува
  • 3 јајца
  • 250 мл. ладна вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • Фил* 500 г. тврдо овчо сирење
  • 100 г. стопен маргарин
  • Заливка* 3 јајца
  • 200 мл. млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 10 г. свеж квасец

Подготовка

1. Во сад каде што ке го месиме тестото го рониме квасецот додаваме сол и шеќер.
2. Полека ја додаваме водата и мешаме квасецот да се растопи.
3. Јајцата ги матиме на страна со вилушка и ги додаваме во смесата.
4. Полека го додаваме брашното и месиме додека не добиеме лепливо тесто.
5. Тестото го ставаме на добро побрашнета работна маса ако е потребно додаваме уште малку брашно и месиме 5-6 мин додека не добиеме глатко тесто.
6. Тестот го ставаме во подмачкан сад и го покриваме со крпа и го оставаме да стои 40 мин. на топло.
7. Стасаното тесто го делиме на 5 топки.
8. Секоја топка ја сукаме во кора со дијаметар од 25 цм. и ја премачкуваме со растопен маргарин и ставаме дробено сирење.
9. Кората ја виткаме во ролат и малку ја растегнуваме и ја виткаме како кога цедиме крпа.
10. Во подмачкана тава бр 30 ги редиме ролатите спирално во круг.Тамо каде што ке заврши еден започнува друг.Помеѓу ролатите оставаме малку простор затоа што питата ќе нарасне.
11. Питата ја покриваме со крпа и ја оставаме на топло да седи 15-20 мин.
12. На страна ја спремаме заливката* Јајцата ги матиме со вилушка па го додаваме млекото и шеќерот се заедно промешуваме и ја поливаме питата.
13. Печеме во загреана рерна на 180 Ц. околу 40 -45 мин.
14. Кога питата е готова ја покриваме со крпа и ја оставаме да стои 10-15 мин.да се олади.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер