Аспарагус
Состојки
Античките Грци и Римјани го сметале аспарагусот за ценет зеленчук. Тој е еден од најстарите познати зеленчуци. Се смета дека потекнува од источното крајбрежје на Средоземното Море и Мала Азија. Ботанички, ова тревнато, повеќегодишно растение припаѓа во фамилијата liliaceae, во родот А. officinalis. Во овој доста голем род спаѓаат и: кромид, лук, лале, нарцис, итн.
Овој долгнавест зеленчук денес комерцијално се одгледува во големи количини во Кина, Европа, Перу, Австралија и САД.
На почетокот од пролетта се засадуваат главиците и за брзо време од нив израснуваат стебла со многу гранчиња на кои има голем број иглички кои наликуваат на папрат, кои на растението му го даваат препознатливиот пердувест изглед. Растението исто така може да се засади со пресадување на младите стебленца стари од 10 до 12 недели или пак со директно засадување. Целосно израстеното растение може да достигне височина и до 150 сантиметри. Младите доглгнасвести делови кои се јадат се добиваат од екстремно разгранетиот корен кој е готов за берба на почетокот на пролетта.
Здравствени придобивки од аспарагус
- Аспарагус е зеленчук со многу ниска калориска вредност. Во 100 грама свеж зеленчук има само 20 калории. Повеќе калории се трошат за дигестија на овој зеленчук отколку што се внесува со јадење, што го вбројува во категоријата зеленчук со ниска или негативна калориска вредност.
- Дополнително, тој содржи голема количина растителни влакна. Растителните влакна помагаат во контролата на констапацијата, го намалува нивото на лошиот ЛДЛ холестерол, сврзувајќи се со него во дигестивниот систем и го регулира нивото на шеќер во крвта. Згора на тоа, исхраната со голем процент на растителни влакна помага во превенцијата на рак на дебелото црево и ректумот, преку спречување на апсорпцијата на токсичните состојки.
- Аспарагусот долго време се користи во голем број традиционални медицини за лекување на проблеми со дигестивниот систем.
- Свежиот аспарагус е одличен извор на антиоксиданси, како што се: лутеин, заексантин, каротини и криптоксантини. Заедно, овие флавоноидни состојки помагаат во отстранувањето на штетните оксидирани слободни радикали од телото, заштитувајќи Ве од рак, развој на психички болести и вирални инфекции.
- Овој зеленчук исто така е богат и со витамините од Б-комплекс, како што се: тиамин, ниацин, витамин Б6 (пиридоксин) и пантотенска киселина; кои се клучни за оптимални ензимските и метаболичките функции на клетките.
- Свежиот аспарагус исто така содржи и добра количина антиоксидантски витамини, како што се: витамин Ц, витамин А и витамин Е. Редовното конзумирање на храна богата со овие витамини му помага на телото да развие отпорност на инфективни агенси и ги собира штетните, воспалителни, слободни радикали од телото.
Избор и складирање
Иако аспарагус може да се најде во супер маркетите во текот на целата година, најдостапен е во пролет, а тогаш има и најдобар вкус. Во Европа, зеленчукот е најквалитетен од декември до јуни.
Аспарагусот треба да се искористи колку што е можно побргу по бербата. Во спротивно ќе го загуби вкусот, бидејќи најголем дел од шеќерот ќе биде претворен во скроб. Затоа, берете од локалните фарми, секогаш кога сте во можност. Одберете свежи, кревки, цврсти, прави, мазни парчиња со еднаква големина, со темно зелена до виолетова боја, со добро затворени врвови. Избегнувајте ги дебелите парчиња со широки набори во стебленцата, избледени или потемнети парчиња, затоа што тие се од стара берба и имаат лош вкус.
Затоа што бргу се расипува, треба да се бере рано наутро, кога температурата на воздухот е пониска. По берењето, потопете ги во студена вода за да го изладите, потоа исцедете го, спакувајте го во најлонски ќеси и ставете го во фрижидер, на температура од 3 до 4 степени и влажност помеѓу 90 и 95 проценти. На повиска температура, аспарагусот започнува да го губи природниот шеќер, витаминот Ц и вкусот; станува премногу тврд и започнува да скапува.
Употреба во кујната
Свежите парчиња аспарагус се подобри за готвење. За да го приготвите аспарагусот, измијте го зеленчукот со студена вода и нежно отстранете ја песокта со прстите. Тенките, кревки парчиња можат директно да се готват. Подебелите парчиња треба да се излупат пред да се користа за подготовка на одредени рецепти.
Вообичаено, аспарагусот треба да се готви кусо време. Во некои домаќинства се користат обични тенџериња за готвење на аспарагус, на тој начин што парчињата се потопуваат во зовриена вода, со врвовите над водата, за да се зготват само од пареата.
Аспарагусот е еден од најбараните зеленчуци во пролет.
Совети за приготвување:
- Аспарагусот може да се јаде жив, барен, потпржен или измешан со друг зеленчук, грав, живина или морска храна.
- Барениот аспарагус се сервира со холандски сос со сок од лимон, растопен путер, пармезан или пекорино кашкавал, по прекрасен француски рецепт.
- Печениот млад кромид и парчињата аспарагус, намачкани со масло од индиски оревчиња е многу вкусно предјадење.
- Потпржен аспарагус со додаден сусам, во паштета од лук, ѓумбир и бибер.
- Голем број ресторани во Германија нудат специјални „шпаргел“ менија во текот на пролетта.
Здравствено предупредување
Најголем дел од светската популација има добра толеранција за аспарагус и алергиските реакции на овој зеленчук се екстремно ретки.