Испечати

Сарма од штавињак

Сарма од штавињак

Состојки

  • 2 чешчиња лук
  • 1 главица кромид
  • 300 грама мелено месо
  • 1 филџан ориз
  • 20 листови штавињак

Подготовка

Се прави филот за сармата:
во загреано масло се попржуват исецканите лукчиња, се додава исецканата главица кромид, се пропржува и се додава меленото месо. Се пржи се заедно и се додава оризот, се посолува сол, зачин и црн бибер. Се става лажица црвен пипер и се трга на страна.
Листовите од штавињакот се стават во врела вода да омекнат неколку секунди бидејки тие бргу омекнуват, треба да се внимава на секој лист. Се става од филот и се мотатат сармичињата се редат во тенџере во кое ќе се варат. Се сипува вода да ги покрие и се става да се варат. Во текот на варењето по потреба се досипува уште вода.  При крајот на варењето се загрева масло во кое се додава една лажицка црвен пипер и се попарува сармата и се става во загреена релна малку да се потпече.