Медитеранска рибја чорба
Состојки
- 500 гр рибни филети
- 1 праз
- 1 свежа зелена пиперка
- 3 домати
- 1 француски магдонос
- 2 главици кромид
- 3 чешниња лук
- 1 коцка за супа
- 1/2 лажичка мајоран
- 3 лажици доматно пире
- 3 листови од ловор
- 2 лажици бело вино
Подготовка
На даската за сечење кромидот ситно го сечкаме. Потоа ситно го сечкаме празот. На пиперката и ја отсекуваме рачката. Потоа и го отстрануваме семето. Исчистената пиперка ја сечкаме на коцки.
Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. Во друго помало тенџере налеваме вода. Тенџерето го ставаме на оган. Исечканиот кромид го собираме на чинија. Потоа кромидот го ставаме да се пржи во тенџерето. На чинијата ги собираме парчињата праз и пиперки. Парчињата праз и пиперки ги додаваме во тенџерето. Промешуваме.
Во помалото тенџере ја ставаме коцката за супа. На ситната страна од рендето ја рендаме кората од портокал. Изренданата кора ја оставаме во сад настрана. На доматите им ги отстрануваме рачките. Потоа доматите ги лупиме во круг.
Во тенџерето во кое се пржи зеленчукот промешуваме. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Повторно промешуваме. Во тенџерето ја додаваме изренданата кора од портокал. Промешуваме. Исечканите домати ги собираме во сад. Потоа парчињата домати ги додаваме во тенџерето. Промешуваме. Во тенџерето ги додаваме ловоровите листови. Зачинуваме со мајооран. Повторно промешуваме. Во тенџерето го додаваме белото вино. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во тенџерето. Промешуваме. Во тенџерето го додаваме и доматното пире. Промешуваме. Со црпалка во тенџерето додаваме од супата.
На даската за сечење филетите ги сечкаме на парчиња. Парчињата риба ги собираме на чинија. Потоа и парчињата риба ги додаваме во тенџерето на оган. Промешуваме. Магдоносот ситно го сечкаме. Содржината во тенџерето со црпалка ја промешуваме. Во тенџерето го додаваме исечканиот магдонос. Повторно промешуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Со црпалка чорбата ја претураме од тенџерето во чорбалок. Потоа од чорбалокот од чорбата ставаме во чинија за супа. Врз чорбата наросуваме ситно сечкан магдонос.
Со ова предјадење ви предлагам да се напиете бело вино.
Добар апетит.