Слатки коцки
Состојки
- За бисквит* 6 јајца
- 6 лажици брашно
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 1/2 пециво
- Фил* 700 мл. млеко
- 5 лажици гриз
- 1 пудинг од ванила
- 200 г. маргарин
- 12 лажици шеќер во прав
- Сируп* 200 г. вода
- 150 г. шеќер
- Глазура* 150 г. чоколадо
- 50 г. маргарин
- 1 лажица зејтин
Подготовка
1.Бисквит* Јајцата и шеќерот пенасто ги матиме па го додаваме брашното во кое има пециво и на крај се додава какаото и се полека се соединува.
2. Тестото се става во долгнавеста тепсија бр.40 претходно подмачкана и побрашнета и се пече во загреана релна на 200 Ц.околу 20 мин.
3. Фил* Во 200 мл.млеко го вариме гризот и оставаме да се олади.
4. Во преостанатото млеко 500мл.го вариме пудингот и го тргаме на страна и него да се олади повремено го мешаме да не фати одозгора коричка.
5. На страна пенасто го матиме маргаринот со шекерот во прав.
6. Двата фила ги матиме заедно со миксер и полека го додаваме изматен и се заедно изматуваме.
7. Сируп* Во мало тенџерче се става шекерот и водата да се вари 10 мин.
8. Топлото тесто го поливаме со сирупот и кога ќе се олади го ставаме филот одозгора и добро израмнуваме.
9. На пареа го топиме чокколадото,маргаринот и зејтинот и млако го прелеваме врз колачот.
10. Колачот го ставаме да се олади и го сечеме на коцки.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола