Пита мафини - посни
Состојки
- 1/2 кгр. кори за пита
- 250 мл. вода =за смесата за премачкување на корите
- 150 мл. зејтин
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шекер
- 4 лажици брашно
- 40 гр. квсец - една коцка
- 1 пакетче пециво
- 1/2 кгр. спанак
Подготовка
1. Во млаката вода во која се додава зејтинот, солта и шеќерот се раствара квасецот, се додава брашното измешано со пецивото и оставете го да стаса или се додека се запени.
2. За тоа време измијте го спанаќот, ситно исецкајте го, посолете и оставете,
3. Земате една кора премачкајте ја со добиената смеса со квасецот, врз неа ставете од насецканиот и исцеден спанаќ и од водата која ја пуштил кога се посолува.
4. Преклопувајте ја кората така да добиете форма на плик-коверт. Премачкајте ја со смесата повторно добиената форма, пак преклопете ги ќошовите од кората накај средината за да добиете пак форма на плик. Соберете ги сите ќошови од кората и така добиената форма од кората ставете ја во подмачкан калап за муфини.
5. Постапете на овој начин со сите кори.
6. Од смесата што ќе ви остане слободно премачкајте ја површината на сите пити-мафини.
Нека постои околу 20 мин. и печете во предходно загреана рерна.
Згодна варијанта за посно.
СОВЕТ.
Ова е за посни пити. Спанаќот можете да го замените со праз кој исто така се ситно сецка, посолува..ако сакате и вегета можете да му ставите и бибер - мислам на празот. Можете слободно да ги филувате корите и со сирење и јајца измешани...мрсна варијанта.
Користам калап за муфини кои се 12 на број.