Испечати

Овошна торта со ананас

Овошна торта со ананас

Состојки

  • 1 кутија пишкоти
  • 1 конзерва ананас
  • 6 жолчки
  • 1/2 литар млеко
  • 6 лажици брашно
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка

Од жолчките млекото, брашното и ванилиниот шеќер се вари крем и се остава да се излади. Ананасот се сече на коцки, а течноста се остава на страна. Во длабок сад (како за салата) се реди ред пишкоти кои претходно се мрцкаат во сокот од ананасот, па ред фил, па ред сецкан ананас, па пак пишкоти, па фил, па ананас додека се потрошат состојкте на крај се завршува со фил .