Плетенка и ролнички со кокос
Состојки
- 7 гр ( 1 лажица) сув квасец
- 15 гр (1 лажица) шекер
- 375 гр млако млеко
- 300 гр брашно
- 2 јајца
- 1 лажичка сол
- 350 гр брашно Тип 500
- 125 гр путер на собна температура
- 50 гр шекер
- 1 кесичка ванилин шекер
- 70 гр путер на собна температура
- 55 гр кокос
- 15 гр шекер
- 1 јајце
- 1 лажица млеко
- по желба крупен шекер
Подготовка
За подготовка на квасот се помешува 7 гр сув квасец со 300 гр брашно и 15 гр шеќер, се додава 375 гр млако млеко и се меша да се добие мазна смеса. Се покрива со транспарентна фолија и се остава да стои на собна температура пола час да нарасте двојно и стане пенливо.
Се помешува квасот со 2 јајца, 50 гр шеќер, ванилиниот шеќер, малку сол и половина од 350 гр брашно, па се меша со миксерот да се добие мазно тесто. Една по една лажица се додава 125 гр путер, добро мешајки меѓу секое додавање додека путерот сосема не се стопи во тестото. Се додава и преостанатото брашно и се меша тестото на средна брзина на миксерот додека не стане мазно, сјајно, еластично, околу 10 мин. Може и да се меси на рака.
Се остава тестото во намастен сад покриено со транспарентна фолија да нарасте, 1 до 1,5 час.
Додека стасува тестото за филот се миксира 70 гр путер со 15 гр шекер и се меша со 55 гр кокос. Се остава на страна.
Стасаното тесто се дели на два дела. Секој се расукува на големина 25 на 35 цм, дебелина 1 цм. Се премачкува со филот и се прават ролати.
Првиот ролат се пресекува на пола по должина и се усукуваат половинките една околу друга, внимавајки пресечените страни да останат одгоре. Долгнавест длабок плех со големина 23 на 13 се обложува со хартија за печење и се става во него направената плетенка. Се покрива со транспарентна фолија и се остава да стаса 45 - 60 мин. или додека скоро не се удвои.
Вториот ролат се делина 6 ролнички кои се ставаат во секоја од вдлабнатините на калап за големи мафини обложена со хартија или кошничка за печење. Исто се остава да стаса.
Рерната се загрева на 175 Ц.
За премачкување се мати јајцето со 1 лажица млеко. Се премачкува плетенката и ролничките , по желба се посипуваат со крупен шекер и се печат, плетенката 35-40 мин, а ролничките 25-30 мин.