Испечати

Лиснати цветови

Лиснати цветови

Состојки

  • 500 гр. готово лиснато тесто,2 кори
  • слатко, мармалад
  • шеќер во прав, за посипување

Подготовка

На побрашнета површина, расукајте го тестото. Внимавајте да не го истанчите многу. Секоја кора поделете ја на 6 коцки. На секој агол засечете во облик на биквата Л (латиница). Засечените рабови полека повлекувајте ги кон средината и спојте ги во една точка. На средина ставете малку слатко или мармалад. Ставете ги на плех, обложен со хартија и печете на 220 степени 10-тина минути. Оладени посипете ги со шеќер во прав.