Свадбарска алва
Состојки
- пола часа зејтин
- 2 чаши гриз
- 3 чаши шекер
- 4 чаши вода
- 1 пакетче ванилин шекер
- кора од лимон
Подготовка
Во пошироко тенџере го ставаме зејтинот и гризот. Малку се попржува и потоа се додава една чаша шекер и добро се пропржува се додека не се растопи шекерот и се испржи гризот. Преостанатиот шеќер ( 2 чаши) се растопува во ладната вода и тоа постепено се додава во испржениот шеќер и гриз се додека се потроши. Се намалува температурата и се меша постојано се додека се згусти и почне да се одвојува од тенџерето. Ванилката и кората од лимон или портокал се става кога ќе се тргне тенџерето од оган. Алвата е готова и се става во намокрен сад ( куглов ) за подобро да се вади. По желба во алвата може да се додаде и сецкани ореви и суво грозје