Испечати

Брзи кифлички

Брзи кифлички

Состојки

  • 600 г. брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сол
  • 100 мл. зејтин
  • 200 г. кисела павлака 12%
  • 200 мл. млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • за посипување сусам,ким, сончоглед

Подготовка

1. Се замесува брашното, пецивото и солта. Се додава зејтинот и павлаката и се меша се заедно..
2. Млекото се смлачува се додава квасецот и 1 лажица шеќер и се истура во брашното. Се размесува тестото убаво и се дели на 4 дела.
3. На набрашнета маса од секој дел се развлекува кора со дебелина пола сантиметар се сече на 8 триаголници и се оформуваат кифлички.
4. Релната се загрева на 180 Ц.
5. Кифлите се ставаат во намастен плех и се оставаат на топло покриени да седат 10-15 мин.
6. Се мачкаат со разматена жолчка и малку зејтин, по желба се става одозгора сусам, ким, сончоглед и се печат 10-15 мин.
7. Кифличките можат и да се филуваат по желба.