Испечати

Топло-ладно

Топло-ладно

Состојки

  • 250г. цоколадо за готвење
  • 250г маргарин
  • 5 jajцa
  • 200г шеќер во прав
  • 100г брашно

Подготовка

На пареа се топи чоколадото со маргаринот и се остава на страна.
Јајцата се матат убаво, па се додаваат шеќерот во прав и брашното.
На смесата со јајцата додека се мати пополека се додава смесата со чоколадото.
Треба да изгледа како смеса за торта, се покрива со фолија и остава во фрижидер
2 саати. Релната добро се загрева. Од смесата се става во хартиени корпи за мафини, но не се полнат до горе, туку се остава место да нарасне смесата и се печат 6-8 минути Се вадат и во секое се става (бутка) на среде по една коцка чоколадо, па се враќаат назад во релна уште 2-3 минути.
Смесата не мора да се испече цела, може да стои во фрижидер 2-3 дена покриена со фолија. Значи си печете на пр.5-6 (за колку луѓе ви треба), а другите може после во текот на денот или утре, задутре...
Се јаде топло (за да се осети чоколадото што тече) и се служи со топка сладолед (само јас немав во моментот за на сликата)
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер