Испечати

Пикантно лепче

Пикантно лепче

Состојки

  • 1 векна леб
  • 200 гр кашкавал
  • 150 гр маргарин
  • по 2 парчиња младо лукче и кромитче, магдонос, сусам

Подготовка

Релната загрејте ја на 200 Ц.
Лебот исечете го на коцкички, не до крај, негде 2-2,5 цм длабина.
Кашкавалот исечете го на ленти и ставете го измеѓу прорезите на лепчето.
Маргаринот стопете го, внатре ставете го исечканото лукче и кромитче, магдоносот и со лажиче прелијте го лепчето. Одозгора наросете со сусам. Ставете го на „легло“ од алу-фолија.
Ставете го да се пече додека не порумени.
Идеален е за мезење, брзо се приготвува,а најдобро е ако е лепчето посуво. Гостите ќе ви бидат пријатно изненадени.