Чоко орев торта
Состојки
- за 1 кора потребно
- 10 белки
- 20 лажици шекер
- 12лажици мелени ореви
- 4 лажици презла
- 4 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 литар млеко
- 22 лажици шекер
- 3 пудинг од чоколада
- 2 чоколаде
- 2 беле чоколада
- 2 маргарина
- 20 жолчки
Подготовка
Се прават две кори и се печат во давче 39.
За една кора се матат 10 белки со 20 лажици шеќер. Кога е готово се додават 12 лажици мелени ореви, 4лажици презла, 4 лажици брашно и 1 пециво. Готовите 2 кори се сечат на половина да се добијат 4 кори
За кремот
Од 1 литар млеко се остава една чаша во која се растварат 3 пудинга од чоколада остатокот се става на шпорет со 12 лажици шеќер да зоврие, потоа се додава пудингот. Се мати кремот да биде густ. Кога е доволно густ се додават двете чоколади и се остава да олади. Оладено се соединува со 1 маргарин претходно изматен со 100 грама прах шеќер.
Вториот крем се прави со 20 жолчки изматени со 10 лажички шеќер. Се става на пареа и се мати додека кремот да ја добие потребната густина. Се додава 200 грама бела чоколада се остава да олади, а потоа се соединува со 1 маргарин. Се филува тортата
1 кора - црниот крем - белиот крем - 2 кора и така до крајот.