Испечати

Бискупски леб

Бискупски леб

Состојки

  • 140 гр шекер
  • 100 гр суво грозје
  • 50 гр сецкани бадеми, или други јаткасти плодови ( по желба)
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 1 ванилин шекер
  • 140 гр брашно
  • 4 јајца

Подготовка

Најпрво ги матиме со миксер жолчките и шеќерот, а потоа ги додаваме сувото грозје, сецканите бадеми и сецканата чоколада. Се мешаме добро и ги додаваме претходно изматените белки, брашното и повторно мешаме додека се изедначи смесата.
Печеме во заграна рерна на 180 степени околу 30-40 минути, во тепсија бр . 28