Солени муфини - блиц рецепт
Состојки
- 2 чаши брашно
- 1 пециво
- 1 до 1-1/2 чаша рендано сирење
- 1 чаша + 2 лажици кисело млеко
- 1/3 од чашата зејтин
- 2 јајца
Подготовка
1. Јајцата, киселото млеко и зејтинот со вилушка или жица разматете ги.
2. Додадете го сирењето и така лесно измешајте го.
3. Во добиената смеса додадете го брашното во кое предходно е измешано пецивото - лесно измешајте за да стане хомогена смесата односно да се измеша брашното.
4. Во хартиени подметачи за муфини ставете од смесата, па ставете ги во калапи и печете ги во предходно загреана рерна на 180 степени околу 20 мин.
1 чаша - 200 мл.
Оваа смеса е доволна за 12 муфина.