Испечати

Тиква

Тиква

Состојки

    Тиквата е неверојатно богата со витални антиоксиданси и витамини. Овој скромен зеленчук што расте во сечија градина е исклучително нискокалоричен, а сепак е добар извор на витамин А, флавоноидни полифенолни антиоксиданси како леутин, ксантин и каротини.

    Растението е „лоза“, ползи по површината на сличен начин како што тоа го прават членовите на фамилијата cucurbitaceous, како што се: краставица, диња итн.Се работи за еден од најпопуларните зеленчуци што се одгледува комерцијално низ целиот свет, вклучително и во САД.

    Тиквите значително варираат во формата, големината и бојата. Џиновските тикви вообичаено тежат од 4 до 6 килограми, а најголемите можат да достигнат дури и до 25 килограми. Златните тикви се сплескани, помали и имаат кремасто благо месо со портокалова боја.

    Иако вообичаено тиквите се портокалови или жолти, некои плодови можат да бидат и темно или бледо зелени, портокалово-жолти, бели, црвени и сиви. Кората е мазна и обично има мали набори. Бојата на тиквите се должи на жолто-портокаловите пигменти во кората и пулпата.

    Структурно, пулпата може да има од златно-жолта до портокалова боја, во зависност од полифенолните пигменти во неа. Овошјето има шуплив центар, со бројни мали семки со валкана бела боја, сместени во структурата што наликува на мрежа. Семките од тиква се одличен извор на протеини, минерали, витамини и омега-3 масни киселини.

    Здравствени придобивки од тиквата:

    • Тиквата е еден од зеленчуците со многу ниска калорична вредност, во 100 грама има само 26 калории, не содржи заситени масти или холестерол, но е богат извор на растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали. Нутриционистите ја препорачуваат за контрола на холестеролот и во програмите за намалување на телесната тежина.
    • Тиквата е складиште на огромен број антиоксидантски витамини, како што се: витамин А, витамин Ц и витамин Е.
    • Со 7.384 микрограма на 100 грама, тиквата е еден од зеленчуците од фамилијата cucurbitaceae со највисоко ниво на витамин А, обезбедувајќи приближно 246 проценти од препорачаните дневни потреби. Витаминот А е моќен, природен антиоксиданс кој му е потребен на телото за одржување на интегритетот на кожата и слузокожата. Исто така, овој витамин е клучен за добриот вид. Научните истражувања покажаа дека храната богата со витамин А му помага на телото во борбата против ракот на белите дробови и усната празнина.
    • Исто така, тиквата е одличен извор на повеќе природни полифенолни флавоноидни соединенија, како алфа и бета каротините, криптоксантин, лутеин и зеаксантин. Каротините во телото се претвараат во витамин А.
    • Зеаксантинот е природен антиоксиданс кој помага при филтрацијата на ултра виолетовите зраци во ретината од очите. На тој начин помага при заштитата од очни болести „предизвикани од старост“.
    • Тиквата е богата со витамини од Б-комплексот, како што се фолати, ниацин, витамин Б6 (пиридоксин), тиамин и пантотенска киселина.
    • Исто така е и богат извор на минерали, како што се: бакар, калциум, калиум и фосфор.
    • Семките од тиква се добар извор на растителни влакна и мононезаситени масни киселини кои се добри за здравјето на срцето. Дополнително, богати се со протеини, минерали и голем број витамини што имаат позитивно влијание врз здравјето. На пример, 100 грама семки од тиква имаат 559 калории, 30 грама протеини, 110 проценти од дневните потреби за железо, 4.987 микрограма ниацин (31 процент од дневно препорачаната доза), селен (17 проценти од дневно препорачаната доза), цинк (71 процент од дневно препорачаната доза), итн.; но не содржат холестерол. Семките се одличен извор на аминокиселината триптофан која е исклучително благопријатна за здравјето. Триптофанот во мозокот се претвара во гама аминобутрична киселина.

    Избор и складирање

    Тиквите се достапни во продавниците во текот на целата година. Купувајте убаво израснати цели тикви, наместо делови. Барајте зрели плодови кои оддаваат звук на чување во дрво, тешки се при подигнување и имаат дебела рачка. Избегнувајте ги оние со набори на кората, но и оние со засеци и пукнатини по површината.

    Штом ќе стигнете дома, добро узреаните тикви можете да ги складирате со недели на студено, добро проветрено место на собна температура. Сепак, деловите треба да се стават во фрижидер, каде што ќе останат свежи неколку дена.

    Употреба во кујната

    Некои хибридни видови обично се подложени на третман со инсектицид во прав или во течна форма. Оттаму, тиквите темелно измијте ги под чешма, за да ги отстраните остатоците од прав, земја или евентуалните остатоци од пестицидите.

    Отсечете ја рачката и пресечете го плодот на два еднакви дела. Испразнете ја внатрешната структура што наликува на мрежа и оставете ги семките на страна. Потоа исечете го плодот на парчиња со посакуваната големина. Обично за готвење се користат мали коцки.

    Речиси сите делови од тиквата: плодот, лисјата, цветови и семките; се јадат.

    Совети за приготвување

    • Тиквата може да се користи за поголем број рецепти, печена, варена или пржена; но најдобро е да се приготви со барење, за да се извлече максимум од хранливите материи. Во Кина, лисјата од ова растение се конзумираат како зготвен зеленчук или во супа.
    • На индискиот потконтинент, каде што популарно е позната како „ситпал“, тиквата се користи за приготвување на „сабзи“, слатки јадења, супи, кари, итн.
    • Исто така, може да се користи за приготвување пити, палачинки, равиоли, итн.
    • Златните тикви се користат за правење суфле, фил, супи, итн.

    Печените семки од тиква можат да се користат како ужина.