Испечати

Лангиди (мекици)

Лангиди (мекици)

Состојки

  • 1 квасец
  • 2 јајца
  • 500гр брашно
  • 20мл ракија

Подготовка

Се замесува на меко брашното, јајцата и квасецот со млака вода, по потреба. На крај се додава ракијата. Тестото се меси до средна густина. Се остава да стаса. Одкако ќе стаса со мрсни прсти се формират топчиња и се формира лангидата а на крајот во тестото се прави дупче. Се пржи во тавче во врело масло додека да добијат златеста боја. Се вадат во чинија на салфетка. Може да се попрска со шеќер или се служи со сирење.