Домашен мајонез со нишесте
Состојки
- 500мл вода
- 5лажици нишесте -густин
- 500мл зејтин
- 1 лимон
- 1кесичка сенф
- 1лажица рамна шеќер
- 1лажичка сол
- 2 јајца
Подготовка
Водата се става да зоврие, а потоа се додава густинот разматен со малку вода и се вари крем. Се остава да се олади. Во подлабок сад се ставаат две јајца и 1 лажица оцет и се мати. Пополека се додава наизменично една лажица од густинот и малку зејтин и постојано се мати додека не се потрошат и зејтинот и густинот. На крај се додава сок од еден лимон, сол и шеќер и сенфот(околу 2 лажици). Убаво се мати целата смеса и се собира во тегли. Од оваа смеса излегуваат околу 2 тегли.
Мајонезот е добар за салати,разни сосови, а и како намаз.