Испечати

Потпечени компири со презла

Потпечени компири со презла

Состојки

  • 800 грама компири
  • 50 грама презла
  • 40 грама путер

Подготовка

Компирите се лупат, мијат и сечат на коцки. Се ставаат во поголем огноотпорен сад , се поливаат со 2 црпалки вода и се посолуваат. Се ставаат во рерна и се печат околу 8 минути додека да омекнат. Путерот се растопува во поголема тава. Презлата се пропржува, но внимателно да не загори. Се додаваат компирите и се мешаат додека не се прекријат со презлата. Се посипуваат со сол а по желба може и со цимет и се сервираат.
Наместо да се печат може да се сварат во зовриена вода. Во овој случај се додава малку оцет. Се цедат и се додаваат на пропржената презла.