Видео рецепт: Смокви и ореви во сос од цимет
Состојки
Пријателите во последен момент Ви се најавиле на вечера и знаете дека сакаат нешто слатко за крај на јадењето... Еве еден рецепт кој ќе им се допадне на гостите и ќе Ви донесе репутација дека сте елегантни во кујната.
Состојки
- 1 пакување суви смокви
- 1 рака ореви
- 1 супена лажица цимет
- 1 супена лажица кафеав шеќер
- Маскарпоне сирење
- 300 милилитри вода
Подготовка
Чекор 1: Загрејте малку вода во тавата...
Кога ќе почне да се загрева, ставете ги шеќерот и циметот во тавата и мешајте за да се растворат... Потребен ни е сладок богат сос во кој ќе ги вариме смоквите и оревите.
Чекор 2: Ставете ги смоквите и оревите во течноста...
Оставете ги да се варат 10 минути.
Чекор 3: Извадете ги смоквите и оревите и оставете го сосот да се искрчка – сакаме вишокот течност да испари пред да го сервираме десертот.
Чекор 4: Време е за сервирање: Наредете ги смоквите и оревите во чинија и прелијте ги со сос. Одозгора ќе ставиме и грутка маскарпоне сирење заедно со едно стапче цимет и една смоква за декорација.
СОВЕТ: Овој рецепт можете да го послужите во било кое време од годината, но Ви препорачуваме тоа да го сторите кога не е сезона на смокви и кога можете да најдете суви смокви во продавница. Овој десерт е неверојатно ефтин за подготовка и Ви нуди одличен начин да ги искористите сувите смокви кои од поодамна ги чувате во креденецот.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сад за сос