Испечати

Краставица

Краставица

Состојки

    Дали некогаш сте се запрашале како да ги победите летните горештини? Сетете се на крцкавите краставици. Овој прекрасен, нисколаоричен зеленчук нуди многу повеќе хранливи материи од водата и електролитите.

    Краставицата е еден од најстарите култивирани зеленчуци. Се верува дека потекнува од рамнините во северниот дел на Индија. Растението е ползавец, исто како и другите членови од истата фамилија, на пример тиква, лубеница, тиквички, итн. Ботанички, краставицата припаѓа во фамилијата cucurbitaceous и е позната и како cucumis sativus.

    Различните видови краставица варираат според големината, формата и бојата, а се одгледуваат насекаде низ светот. Свежите краставици ги има во текот на целата година и можат да се јадат како што се, како дел од салата или да се конзумираат како сок.

    Ерменските краставици се долги, крцкави, со тенки набори, благо закривени и имаат светло зелена боја. Иако ботанички се вбројуваат во фамилијата на лубениците, изгледаат и имаат вкус како краставици.

    Ситните сорти како што се корнишоните обично се премногу мали за други намени, па затоа се маринираат.

    Здравствени придобивки од краставицата:

    • Краставицата содржи многу малку калории, само 15 на 100 грама. Не содржи заситени масти или холестерол. Лушпата од краставица е одличен извор на растителни влакна кои помагаат при справувањето со запек и обезбедуваат одреден степен на заштита од рак на дебелото црево.
    • Краставицата е одличен извор на калиум, важен внатреклеточен електролит. Калиумот е електролит кој го штити срцето, помага при намалувањето на крвниот притисок и ритамот на срцето, преку поништување на ефектите од натриумот.
    • Содржи уникатни атниоксиданси во добри количини, како што се бета-каротин и алфа-каротин, витамин Ц, витамин А, зеаксантин и лутеин. Овие соединенија служат за собирање на штетните слободни радикали кои потекнуваат од интеракцијата со кислородот; но и како заштита од реактивните кислородни видови, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести.
    • Краставиците имаат благ ефект на деуретик, што веројатно се должи на високиот процент на вода што се содржи во нив. Ова помага во одржувањето на телесната тежина и регулацијата на крвниот притисок.
    • Краставиците содржат изненадувачки висока количина витамин К, приближно 17 микрограма на 100 грама. Витаминот К, според одредени истражувања, игра улога во зацврстувањето на коските преку поттикнување на остеотропска (градење коскена маса) активност. Исто така, овој витамин има потврдена улога во третманот на пациенти заболени од Алцхајмерова болест, преку ограничување на оштетувањето на невроните во мозокот.

    Избор и складирање

    Свежите краставици се присутни во продавниците во текот на цела година. Достапни се различни сорти, во зависност од видот што се одгледува и регионот од каде што потекнуваат.

    Во продавницата одберете ги оните краставици што се цврсти, имаат светло зелена боја и жилава текстура. Барајте точки, засеци или пукнатини по лушпата. Не ги купувајте презреаните краставици со жолтеникава боја, бидејќи во нив најчесто има голема количина нерастворливи растителни влакна и зрели семки. Исто така, избегнувајте ги краставиците со набори на краевите, затоа што тоа е индикација дека зеленчукот е од стара берба и дека е дехидриран од предолго стоење. Ако сте во можност, купете органски израснат зеленчук, за да добиете богат вкус и целосни хранливи материи.

    Штом ќе дојдете дома, краставиците треба темелно да се измијат во чиста вода, за да се отстранат правта и пестицидите. Лушпата може знчително да варира во нијансата. Не ја фрлајте лушпата, затоа што изобилува со хранливи материи. Краставиците можат да се чуваат на собна температура ден-два, но подобро е да се чуваат во фрижидер каде што можат да останат свежи и до неколку дена.

    Употреба во кујната

    Двата краја на краставицата се поткаструваат и неретко, со отсеченото парче се протрива остатокот, за да се извлече белата, леплива течност, со што се намалува горчливоста на краевите.

    Совети за приготвување:

    • Измиените свежи краставици треба да се јадат такви какви што се, без додатоци.
    • Коцките краставица се одличен додаток за секоја зеленчукова или овошна салата.
    • Краставицата исто така се користи за приготвување на неколку рецепти за кари во Јужна Индија, со матеница и јогурт.
    • Од ситно исецкани свежи парчиња, измешани со јогурт, кумин, коријандер, бибер и сол се прави раита со краставица.
    • Сокот од краставици е многу здрав пијалак.
    • Тенките парчиња краставица исто така се додаваат во вкусната шпанска ладна супа од домати, наречена гаспачо.
    • Лушпата од краставица исто така се користи за приготвување на кисели краставички.