Супа од леќа
Состојки
- 4 шолји леќа
- малку маслиново масло
- 1 главица кромид
- 1 главица лук
- 1 морков (по желба)
- 2 шолји доматно пире или џус
Подготовка
Се загрева маслиново масло во тава на средна топлина. Се додава ситно исецкан кромид и малку ситно исецкан лук и се пропржува додека не почне да заруменува со зачини по избор (кориандер, копар, босилек, рузмарин). Во друг сад со вода се става леќата и се вари додека не омекне. Може да се додадат и сецкани моркови. Потоа се додава доматно пире или доматен сос, вегета или сол и зачини по избор (кориандер, копар, босилек, бибер). Кога леќата ќе биде сварена и мека во неа се додава содржина од тавата. Треба да се внимава да има повеќе вода во леќата, а доколку испари да се додаде во процесот на варењето. Откако ќе се измеша и олади сварената содржина се става во блендер за да се добие течна компактна маса. Во процесот може да се додаде магданос и дополнително да се додадат зачини. Се служи со соја сос (или евентуално со балсамико), а како додаток со свежо печени брускети. Извонредна и лесна веганска супа.