Испечати

Бухтле

Бухтле

Состојки

  • 4-5 шољи брашно
  • 1,5 лажички сув квасец
  • 200 мл зејтин
  • 150 мл топла вода
  • 4 лаж шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 гр путер
  • 0.5 лажиче сол
  • 120-150 гр светол мармалад
  • 100 мл млеко
  • 1 јајце

Подготовка

Се ставаат квасецот, 1 лаж. шеќер, 1 лаж. брашно во 50 мл. топла вода да надојде 10-15 мин.
Во длабок сад се ставаат 2.5-3 шољи брашно, се додава ванилиниот шеќер, шеќерот, солта, се меша убаво. Потоа се додава останаат топла вода ( 100 мл) и зејтинот. Се додава и јајцето. И се додава и стасаниот квасец.
Се тоа убаво се меша, и се додава омекнатиот путер и останатото брашно, и се замесува мазно тесто. Тоа се остава покриено околу 20 мин.
Потоа се става на работната маса и се меси околу 10 мин. и се става во подмачкан сад да остои уште 1-1.5 часа.
Во ова време тестото треба да нарасне дупло.
Тестото се размесува и се формираат кругчиња кои се оставаат покриени уште 10 мин.
Се зема едно топче коешто малку се притиска во рака за да може во средината да се стави по една лажичка мармалад, и се прави убаво топче.
Се редат сите топчиња во округло тавче подмачкано со зејтин.
Се оставаат да остојат 30 мин.
Се загрева 100 мл млеко и се полева врз надојдените топчиња.
Се печатна 180 степени околу 20-25 минути додека да заруменат.