Испечати

Компот од сливи

Компот од сливи

Состојки

  • 5 кесички ванилин шеќер
  • 1 кг шеќер
  • 2 кг модри сливи

Подготовка

Мерките се пишани одприлика се зависи колку сливи имате. Сливите се мијат и се сечат на половина им се вадат семките и се редат во тегла. Отприлика во теглата треба да има 3/4 сливи се додава 4 лажици шеќер и една лажичка ванилин шеќер.Наполнете ги со вода но оставете простор малку за да има каде да зоврие. Убаво затворете ги и протресете ја теглата да се распореди шеќерот.
Јас ги правам во шерпа на ќумбе, ја виткам секоја тегла во весник ги редам во шерпа, ја полнам шерпата со вода и ги ставам на оган додека да зовријат. Кога ќе зовријат го загасувам огинот и ги оставам додека целосно да се оладат. Може да се подготвува и во релна. На мала температура постепено да се загреваат додека не зовријат. Кога ќе зовријат се оставаат да оладат.