Испечати

Слаткарски фил

Слаткарски фил

Состојки

  • 1 л млеко
  • 3 жолчки
  • 7 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка

Од млекото одвојуваме пола шоља и остатокот го ставаме во тенџере да зоврие со 5 лажици шеќер и ванилата.Одвоеното млеко го матиме со густинот ,жолчките и останатиот шеќер. Смесата ќе биде многу густа, ама така треба да биде. Кога ќе зоврие млекото пополека со мешање го додаваме во густата смеса. Кога ќе го додадеме целото млеко се става на рионгла 2-3 мин да зоврие и да се згусне.
Овој фил може да се комбинира по желба со додавање во него чоколадо,ореви,кокос...
А и како ваков е убав за некое инстант благичко.